Histoire

Disponible uniquement sur Etudier
  • Pages : 11 (2703 mots )
  • Téléchargement(s) : 0
  • Publié le : 24 mai 2009
Lire le document complet
Aperçu du document
Мистериите на карпите и ѕвездите
Возбудливи репортажи за нашата земја на „Јаху" на големиот авантурист Ричард Бенгс ,
Мистериите на карпите и ѕвездите ,
Средбата на сонцето и планината во Кокино претставува брак на два бога
Каде почнаа науката и религијата? Двајца мажи во сино стоејќи на една планина во североисточна Македонија тврдат дека тоа почнало од тука, во античкиот свет храмнаречен Кокино. Само пред пет години археологот Јовица Станковски и астрофизичарот Ѓоре Ценев копаа низ остатоците од бронзената ера во близина на врвот од оваа неовулканска планина висока 1.000 метри кога забележаа одредени засеци во гребенот кои беа израмнети со позицијата на сонцето и месечината во нивното сезонско извишување. Една година подоцна, пронајдокот беше проценет од страна на НАСА и Кокино сегасе наоѓа на четвртото место од кратката листа најстари опсерватории во светот. Веднаш под врвот, засечените гранитни карпи и рачно исклесаниот трон го сочинуваат она што се смета за македонски Стоунхенџ, една од најголемите праисториски опсерватории во светот - единствената досега откриена во Источна Европа, која се споредува со Ангкор Ват во Камбоџа и Абу Симбел во Египет.

Како момчиња вопотрага по богатство, Ѓоре и Јовица се движеа низ локацијата, возбудено покажувајќи кон секој маркер или засек, несвесни за огромната жештина, изнесувајќи ги своите теории. Ова било, како што веруваат, направено од пагански култ во еден од првите познати напори за создавање календар. Слично на познатите сцени во филмот „Јавачите на загубената арка", сонцето тука би се искачило на солстицијот и би испушталозраци низ засеците во карпите. Потоа сончевите зраци ќе го осветлеле лицето на највисокиот свештеник, покажува нивната теорија, кој седел на камениот трон. Средбата на сонцето и планината претставува брак на два бога, и во тој момент почнувале серија жртвувања - на коњи, бикови, овни, кози, па можеби и луѓе. Пролеаната крв би ја оплодила земјата, ветувајќи изобилие во претстојната сезона, аединството меѓу небото и земјата, меѓу боговите и луѓето, би било очигледно.

Овие ритуали се планирале според движењата на небеските тела, величајќи ги првите мерења на времето и овозможувајќи формирање организирано општество кое ќе знае кога да ја сее жетвата, кога да жнее, кога да ги одведе козите и овците на пасење. Претходно луѓето живееле во номадски племиња, живеејќи од она што можеле да го уловат илисоберат, без оставина од наука или религија. Меѓутоа, Станковски и Ценев, исто така, наведуваат дека ова е период кога религијата и науката се разидуваат, кога овие антички следбеници откриваат дека секој има сопствени квалитети различни од оној другиот и тоа разидување продолжува и денес, па дури и се продлабочува.
Астрономската ориентација на Кокино ја поттикнува контроверзноста меѓу скептичните археолозикои едноставно не веруваат дека случајниот венец од гребени може да се нарече опсерваторија во вистинска смисла на зборот. Меѓутоа, Македонија изобилува со мистерии, решливи и поинакви.
ПРАИСТОРИСКИТЕ ЛУЃЕ ОД КОКИНО ГИ СЛЕДЕЛЕ НЕБЕСКИТЕ ТЕЛА
Во атарот на Општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, се наоѓа старата опсерваторија Кокино. Археолозите ја датираатво 1800 година пред нашата ера, а ја создале праисториските луѓе од раното бронзено време. Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи. Дел од тие процепи направени од природата биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мереловремето. Бронзените луѓе ги набљудувале планетите, а остатоците пронајдени на овој локалитет укажуваат на нивната висока развиеност. Тоа ги побива вообичаените мислења или предрасуди дека овие праисториски луѓе биле дивјаци.
Физичарот Ѓоре Цанев од планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје, кој неколку години прави археоастрономски анализи во Кокино,...
tracking img